19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на работниците во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата

bgbgbg

Бројот на работниците во индустријата во октомври годинава, споредено со октомври лани, е зголемен за 2,8 проценти.

Во првите девет месеци од годинава во однос на истиот период од 2012 година во индустријата имало
повеќе работници за еден процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемување на бројот на работниците во откомври е регистрирано во секторите „рударство и вадење камен“ за 9,2 проценти, преработувачката индустрија за 2,3 проценти и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 1,5 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани, бележи пораст кај „енергија“ за 7,2 проценти, „капитални производи“ за 1,5 проценти, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 4,8 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 3,4 проценти , додека опаѓање бележи кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,1 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП