29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаргов: Приходите од царина годинава 51,34 милијарди денари

Каргов: Приходите од царина годинава 51,34 милијарди денари

vanco-kargov

Царинската управа годинава постигна значителни резултати во работењето. Наплати вкупно буџетски приходи од 51.340 милиони денари кои се за два процента пониски во однос на минатата година.

Намалување на приходите од царината е забележано кај возилата.

Ова го истакнува директорот на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Каргов во интервју за МИА.

– Зголемувањето на приходите од царина во овој период има при увозот на тутун и производи за замена на тутун при увозот на млеко и производи од млеко, живински птичји јајца, природен мед, јастиви производи од животински потекло, неспомнати ниту опфатени на друго место има при увоз на облека и прибор за облека освен платенеи или хеклани производи.

Најголемо намалување на прихдоите од царина има при увоз на возила, освен железнички или трамвајски шински возила и нивни делови и прибор при увоз на воздухоплови, космички летала и нивни делови, при увоз на нуклеарни реактори, котли, машини и механички уреди и нивни делови, истакнува Каргов.

Во однос на тоа дали се очекува намалување на царинските стапки, вели дека тоа е надлежност на Министерството за финансии, но додава дека тие како институција согледуваат дали постојат можностите за намалување на царинските стапки.

– Во најголем дел царинските стапки се намалени. Особено со ЕУ се скоро сите на нула, освен некои прехранбени и земјоделски производи и исто така со Светската трговска организција е завршена и политиките на Република Македонија и на Владата исто така се имплементирани.

Така што најголем дел од царинските стапки вистина се сведени на некаков минимум. Имаме во моментов преиспитувања на царински стапки и на други видови на односи.

Дали би можело нешто да се направи. На пример има иницијатива од страна на Владата дали има основа за намалување на цринските стапки или поедноставување на царинските процедури во делот на отпадот при увозот.

Значи фирмите што работат со текстил, при производството имаат отпад, истакнува директорот на Царинската управа.

Додава дека постојано преземаат активности за олеснување на работата на компаниите и наведува дека со покренатата иницијатива за паневромедитеранска дијаголнална кумулација, со што ќе може производите од Македонија да се извезуваат поевтино во други земји членки на оваа дијагонална кумулација.

Најмногу се однесува за текстил, обувки, може и за техничка стока, автомобилски делови и друго.

– Доколку сега увозот на такви производи кај нас се царини со 15 отсто како што се текстилот, обувките или нешто друго, земји со кои немаме дијагонална кулмулација на потеклото или воопшто потекло, значи сега 15 отсто би биле поевтини, вели директорот на Царинската управа во интервјуто за МИА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП