24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботилница за енергетска ефикасност

Работилница за енергетска ефикасност

green-energy

„Платформата за енергетска ефикасност и промени на пазарот“ е тема на тридневната работилница што од денеска ќе се одржи во Маврово.

Тема на работилницата ќе биде сублимирање на досегашните ефекти од активностите, како и идните активности и регулативата со чие носење ќе се стимулира и зголеми рационалното користење на електричната енергија, односно енергетската ефикасност.

Во рамки на работилницата предавања ќе одржат претставници на ЕВН Македонија, Министерството за економија, ЕВН Групацијата и Регулаторната комисија за енергетика.

Најавено е и обраќање на министерот за економија Ваљон Сарачини и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст.

Работилницата се одржува во рамки на Платформата за енергетска ефикасност размисли и заштеди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП