25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Нова методологија за благајнички записи

НБРМ: Нова методологија за благајнички записи

nbr

Советот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) на денешната седница донесе нова Одлука за благајничките записи со која се воведува методологија за утврдување на потенцијалната побарувачка за тие записи.

Во изминатиот период, укажува НБРМ, на аукциите беше забележана значително повисока побарувачка за благајнички записи во однос на реално расположливите ликвидни средства кај банките, поради нивната намера да го зголемат сопственото учество во вкупниот износ на благајнички записи.

Согласно со поставениот механизам, доколку на ниво на вкупниот банкарски систем се утврди дека постои повисока побарувачка од потенцијалната, банките кои што аукцираат со повисоки износи од сопствениот ликвидносен потенцијал, ќе имаат обврска разликата во однос на потенцијалот да ја пласираат во депозити со рок на достасување од седум дена, соопшти НБРМ.

Со новините од одлуката, според Народната банка, се очекува усогласување на понудата и побарувачката за благајнички записи и соодветно насочување на вишокот ликвидни средства во банкарскиот систем во Република Македонија.

Во согласност со новините кај Одлуката за благајнички записи, направени се и дополнувања кај Одлуката за расположливи депозити со кои се овозможува пласирање средства во депозити со рок на достасување од седум дена во услови на повисока побарувачка за благајнички записи од потенцијалната.

Советот на НБРМ донесе и одлука за известување за пондерираните каматни стапки на дадени кредити и на примени депозити со која целосно се усогласува статистиката на каматните стапки со регулативата за статистиката на каматните стапки на ЕЦБ (Regulation ECB/2009/7).

Известувањето за пондерираните каматни стапки, се разликува од досегашното пред се во однос на концептот и опфатот на податоците коишто се однесуваат на вкупните сметководствени состојби и новодоговорени активности.

Со новите барања, се вели во соопштението, пакетот податоци за пондерираните каматни стапки се разделува на неколку извештајни целини, со што се овозможува нивно разграничување според секторската припадност, рочноста на финансиските инструменти, намената на кредитите на домаќинствата, висината на дадените кредити, валутата, типот на обезбедувањето и видот на финансискиот инструмент, при што првпат се овозможува прибирање податоци за кредитните картички на нефинансиските институции и револвинг-кредити.

За разлика од тековниот начин на известување каде што известувачи се само банките, со оваа одлука,
обврска за известување имаат и штедилниците.

Советот на НБРМ ја измени и Одлуката за задолжителната резерва. Заради натамошно користење на расположливите инструменти, како и со цел да се поттикне поактивно користење на предностите коишто ги овозможуваат донесените макропрудентни мерки, е одлучено Народната банка да не плаќа надомест на задолжителната резерва.

Усвоена е и Одлука за условите и начинот под кои резидентите можат да склучуваат кредитни работи во девизи и да вршат плаќања врз основа на тие кредитни работи.

– Новата одлука е главно резултат на потребата од техничко усогласување со одредбите на Одлуката за
управувањето со кредитниот ризик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/13), која ќе почне да се применува од 1 декември годинава и се насочува пред се кон условите и начинот на склучување кредитни работи во девизи за плаќање во странство и во земјата, кои се значајни за соодветно спроведување на девизниот режим пропишан со Законот за девизното работење и Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство, се вели во соопштението од НБРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП