28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да се ослободите од болката во грлото на природен начин

Како да се ослободите од болката во грлото на природен начин

bolki grlo prirodennachin1

Ладното време ни носи и воспалено грло, кое знае да биде многу непријатно, па еве неколку совети како природно да го решите тој проблем.

Кога во текот на студените денови ќе настапи болката во грлото, најдобро е од оваа непријатност да ја решите што побрзо, па применете ги овие совети и на природен начин излечете ја болката во грлото.

-Направете раствор од 250мл вода и една мала лажичка сол и исплакнете го грлото и усната шуплина. Не го голтајте растворот, само направете гаргара. Повторувајте ја постапката пет пати дневно и на тој начин ќе ги уништите настанатите вируси и бактерии.

-Во топла вода ставете една кесичка камилица, додадете малку лимон и рендан ѓумбир и оставете го пет минути малку да се олади, а потоа ставете пешкир преку вашата глава и инхалирајте ја пареата од течноста, така што ќе вдишувате и од устата и од носот, веднаш ќе почувствувате подобрување.

-Кога имате преголема болка во грлото, направете чај од камилица и во него натопете еден пешкир и оставете го малку да се олади. Потоа пешкирот намотајте го околу вратот и оставете го 15-тина минути да отстои. Постапката повторете ја неколку пати, но секој пат загревајте го чајот.

-Во 250 мл вода додадете две лажици мед и загрејте ја смесата. Потоа додадете половина лимон и испијте ја течноста.

-Помешајте половина лажица сода бикарбона, половина лажица цимет и една лажичка шеќер со 250 мл млеко и внимателно загревајте внимавајќи да не зоврие, потоа додадете една лажица мед, испијте ја оваа течност, грлото веднаш ќе ви се подобри.

-За крај, еден малку хедонистички напиток: Помешајте чај од лимон, камилица и зелен чај со една лажица мед, ѓумбир и лимонов сок, ќе добиете природен аналгетик полн со антиоксиданси, а во оваа смеса можете да додадете и малку виски за дезинфекција. Уживајте во напитокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП