20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКафето може да биде штетно за машкото здравје

Кафето може да биде штетно за машкото здравје

Cafe

Просечен маж неделно пие 28 филџани кафе, меѓутоа, премногу кафе може значително да влијае на создавање низа хронични болести на модерното време.

Сите посегнуваме по филџан кафе кога сме уморни или сакаме нешто да не закрепне, меѓутоа, вкупната количина кафе која мажите ја пијат во текот на денот, загрижува бројни лекари и научници.

Според списанието „Менс фитнес“ (Men’s Fitness), просечен млад маж во текот на неделата пие дури 28 филџани кафе, што за 56 отсто му ги зголемува шансите за смртност од бројни здравствени проблеми.

Овие податоци се резултат на 30-годишното испитување кое го го спроведе „Aerobics Longitudinal“ врз примерок од 40.000 мажи.

Иако содржи антиоксиданси, дава чувство на будност и помага при концентрацијата, секојдневно уживање во големи количини кафе речиси секогаш ќе биде погубно за желудникот и значајно ќе влијае на создавање низа хронични болести на модерното време.

Премногу кафе може да го зголеми чувството на инсулин, негативно да влијае на сонот и да го зголеми нивото на стрес, лошо да влијае на лицата кои имаат зголемен крвен притисок и да го намали ефектот на некои лекови на организмот.

Доколку сакате да го зачувате здравјето, не мора во целост да се откажете од својот омилен напиток, но намалете ја количината на два филџани дневно и никогаш не пијте кафе на празен желудник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП