29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавна дебата за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во општините

Јавна дебата за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во општините

corrptin

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска на јавна дебата ќе ги презентира резултатите од истражувањето за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во локалната самоуправа и резултатите од квалитативната анализа на антикорупциските мерки во секторот локална самоуправа од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015.

Настанот ќе им овозможи на сите инволвирани страни, локалната самоуправа, владините институции, граѓанските организации и медиумите, да ги споделат своите размислувања за ова истражување, како и заклучоците и препораките од квалитативната анализа за антикорупциските мерки во локалната самоуправа.

На јавната дебата ќе се обратат претседателот на ДКСК Ѓорги Сламков и шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Ралф Брет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП