20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе продлабочува сорaботката со Албанија во областа на енергетиката

Се продлабочува сорaботката со Албанија во областа на енергетиката

strtrtr

– Соработката во делот на енергетиката и рударството, особено реализацијата на проектот за интерконективно поврзување со далекуводот Битола-Елбасан беа тема на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот за енергетика и индустрија на Република Албанија, Дамјан Ѓикнури.

– Изградбата на далекуводот Битола-Елбасан ќе значи многу за енергетската, но и за економската состојба во Македонија.За проектот од наша страна веќе е изработена физибилити студија и студија за животна средина. Очекуваме во наредниот период да се изработи техничка документација за што е обезбедн грант од еден милион евра од Европската банка за обнова и развој. Со ЕБОР сме во завршни преговори и за обезбедување кредит во вредност од 45 милиони евра колку што се потребни за реализација од наша страна, изјави министерот Сарачини по средбата.

Тој посочи дека до 2015 година треба да завршат сите административни процедури, а до 2017 година далекуводот треба да биде изграден.

На средбата, Сарачини ги презентирал и новите 80 локации за изградба на мали хидроелектрани за кои има заинтересирани албански компании за инвестирање, а се разговарало и за соработката во делот на рударството и за применување на искуствата од нашиот Закон за минерални суровини во Албанија.

Формирана е и работна група од двете министерства која до февруари наредната година, за кога е закажана средба во Албанија,
треба да го согледа прогресот за сите отворени прашања.

– Дискутиравме и за проектот Луково Поле. Не сакајќи да оставиме простор за шпекулации се одлучивме да имаме технички лица од двете страни кои ќе работат на проектот и ќе се догвараат меѓу себе за да нема нејаснотии околу сливот на водите.

Тие треба точно да видат какво ќе биде влијанието на проектот за двете земји и врз база на меѓународното право да
се направи одржлив проект кој ќе може да функционира, рече албанскиот министер Ѓикнури.

Тој истакна дека на средбата се договориле да се потпише меморандум за соработка во енергетиката за кој, како што рече, се надева дека ќе биде потпишан на следната средба во Тирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП