20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНСММ:Штрајк на машиновозачите има, од утре целосен прекин на сообраќајот

НСММ:Штрајк на машиновозачите има, од утре целосен прекин на сообраќајот

mz

Штрајкувачкиот одбор на Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија (НСММ) за утре најави целосен прекин на железничкиот сообраќај.

Членовите на НСММ од изутрината стапија во штрајк со одлука за редуциранос ообраќање на возовите, но железничкиот сообраќај се одвива нормално.

Латко Јовановски, претседател на НСММ, тврди дека нивните членови од изутрината одбиваат да возат, но оти раководството нашло замена вршејќи притисок кај дел од машиновозачите кои прифатиле да управуваат со возовите.

– Веќе од утре нема да најдат замена и ќе нема услови за нормално одвивање на сообраќајот, рече на прес-конференција
Јовановски.

Машиновозачите бараат решавање на проблемот со прераспоредувањето на машиновозачи на ниски работни позиции поради губењето на правата здравствена група, исплата на плататите до 25 во месецот, како и пресметка на платите според методологијата во МЖ Инфраструктура во Колективниот договор.

Според Јовановски, машиновозачите се револтирани од намалувањето на бенифицираниот стаж за четири месеци, а тоа било договорено интерно без знаење на синдикатот.

– Наместо една година бенифициран стаж на секои три години, сега добиваме една година на секои четири години.

Машиновозачите кои секојдневно се изложени на стрес многу тешко можат да задржат прва здравствена група, рече Јовановски.

Тој ги демантира тврдењата на раководството на МЖ Транспорт дека во НСММ има само 35 машиновозачи, како и оценката на Синдикатот на машинскиот персонал кој не го поддржа штрајкот оти НСММ сака да штрајкува за да го смени раководството.

– Машинскиот персонал брои околу 180 лица. Ако се оствари најавата за испраќање трудова инспекција дури тогаш
нема да тргне ниту еден воз затоа ние ќе побараме заштита бидејќи возиме стари возови и над 40 години, наведе Јовановски.

По вчерашната најава за штрајкот на НСММ, раководството на МЖ Транспорт информираше дека сообраќајот ќе се одвива нормално и оти се преземени сите потребни мерки.

Според МЖ Транспорт, НСММ не е репрезентативен синдикат и не може да одлучува во име на сите
1.270 вработени во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП