20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКои се причинители на непријатните мириси?

Кои се причинители на непријатните мириси?

Man sweating very badly under armpit

Непријатните мириси на телото можат тотално да го изолираат човекот од социјалниот живот. За да можеме да си помогнеме мора да ги знаеме причинителите на непријатниот мирис на човековото тело. Ова се едни од повеќето:

Стрес

Еден од најголемите причинители на потењето е стресот. Секоја стресна ситуација предизвикува нервоза и лачење на кортизол-хормон на стресот, кој пак предизвикува телото да се поти. Потта сама по себе не мириса. Непријатниот мирис е резултат на бактериите со кои таа доаѓа во допир.

Таблети

Некои таблети, вклучувајќи ги тука и контрацепциските пилули често пати се одговорни за непријатниот мирис. Ова всушност е еден вид контраиндикација на лековите.

Дезодоранси

Иако ги користиме дезодорансите за да го неутрализираат непријатниот мирис, тие некогаш го прават токму спротивното. Тоа е така затоа што некои од дезодорансите содржат состојки кои ги хранат бактериите кои се наоѓаат на кожата, па мирисот е уште полош. За да го избегнете тоа, мијте се со гелови и шампони и користете дезодоранс кој не ги затвора порите.

Храна

Често пати самиот мирис од храната која ја готват луѓето се лепи на нивната облека и тело. Но, понекогаш и конзумираните состојќи како лукот, не само преку здивот, се чувствуваат и преку кожата доколку подолг период се конзумира секојдневно.

Уринарна инфекција

Заради бактериите кои предизвикуваат уринарна инфекција, непријатниот мирис може да се лачи и низ порите. Имено, заради страв од болката при мокрење кога имаат уринарна инфекција, луѓето се стегаат и задржуваат дел од мокрачата во себе, а потоа течноста се лачи од човечките пори ширејќи непријатен мирис.

-Со цел да ги намалите овие непријатни мириси, експертите препорачуваат еднаш неделно при бањањето да користите сода бикарбона, односно деловите кои репродуцираат непријатен мирис да ги исплакнете со сода бикарбона, задржете ја содата две минути и потоа исплакнете со вода, ова не смеете да го применувате премногу често бидејќи на тој начин ризикувате да ги уништите и природните бактерии кои ги има вашето тело и кои му се потребни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП