28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТиква – извор на здравје, виткост и убавина

Тиква – извор на здравје, виткост и убавина

Тиквата има познати и од страна на медицински лица потврдени лековити својства. Тиквата (Cucurbita Maxima) е член на фамилијата „Cucurbitaceae“, зеленчук кој се појавува во многу различни форми и големини. Различните видови се разликуваат во изгледот и вкусот, но сите тие имаат заеднички карактеристики, како што е заштитната кора која овозможува да се чува подолго време.

Изобилува со хранливи материи, а бидејќи има само 28 калории во 100 гр, таа е идеална намирница за здраво слабење.

Нејзиниот состав го сочинуваат високо ниво на антиоксиданси и каротен, и особено високо ниво на витамин Ц и Е. Со своите лековити својства, идеална е во борба против срцеви заболувања, ризикот од рак, катаракта и мозочен удар. Содржи и калиум кој е важен за функцијата на срцето, фосфор и калциум кои влијаат врз коските и забите, железо кое е важно за крвта и манган кој ја чува кожата.

Меснатиот дел од плодот на тиквата изобилува со бета каротен и витамин Е – силни антиоксиданси, важни за превенција и борба против ракот. Благодарение на целулозата тиквата поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од отпадните материи. Тиквата е добар лаксатив кој ги лечи воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот на цревата. Се препорачува и за лечење на акните. Богатството од природно избалансирани витамини и минерали во тиквата придонесува за зајакнување на отпорноста на телото и поголема ментална свежина и виталност.

Тиквата можете да ја употребувате и за нега на кожата, за подобрување на состојбата со проблематичната кожа на лицето, лечење на акните и како маска за ревитализирање на кожата, таа го подобрува и процесот на спиење.

Семките од тиква се одличен извор на протеини 50-тина грама семки задоволуваат половина од дневните потреби за аминокиселини. Со грицкањето семки се снабдуваме и со омега-3 масни киселини кои се познат чувар на срцето, видот и расположението.

Маслото од тиква содржи голем процент на бета каротен, витамин Е и калиум кои му се потребни на нашиот организам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП