29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоена Стратегијата на ЈИЕ 2020 – работни места и просперитет во европска...

Усвоена Стратегијата на ЈИЕ 2020 – работни места и просперитет во европска перспектива

jie

На Министерската конференција на Комитетот за инвестиции на ЈИЕ во Сарево денеска е усвоена Стратегијата на ЈИЕ 2020 – Работни места и просперитет во европска перспектива.

Како што соопшти Министерството за економија, Република Македонија се обрати до присутните на Конференцијата за потребата и значењето на Стратегијата за поддршка на нашата економија за што подлабоко интегрирање во регионот. Македонскиот извоз во регионот е 18 отсто во деветте месеци на 2013 година, а увозот од регионот (ЦЕФТА земјите) 10 проценти.

Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата на ЈИЕ 2020 на една од своите редовни седници пред одржување на Министерската конференција. За таа цел, создаде институционална мрежа за формирање национален економски тим кој ќе работи на имплементација и мониторинг на 5-те столбови од Стратегијата. Мотото е да се постигне отворање работни места и просперитет на европската перспектива.

Стратегијата на ЈИЕ 2020 ќе овозможи поголем економски раст во регионот и полесен пристап на земјите од регионот кон ЕУ.

Министерската конференција ја организира Советот за регионална соработка и ко-организација на Владата на БиХ, а ја водеше генералниот секретар на Секретаријатот на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ. Присуствуваа претставници од амбасадите и владите на земјите во регионот, координаторите на одделни димензии на Стратегијата ЈИЕ 2020, претставници од Советот за регионална соработка и ЕУ, партнерските организации ОЕЦД, ЦЕИ. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП