29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЃукановиќ најави три милијарди евра инвестиции во Црна Гора

Ѓукановиќ најави три милијарди евра инвестиции во Црна Гора

milo-dzukanovic

Премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ најави денеска инвестиции од три милијарди евра пред се во црногорскиот туризам и како што наведе тоа ќе придонесе за отворање нови работни места.

Тој додаде дека Владата спроведува низа мерки за да се зголеми бројот на вработените, а една од нив е унапредување на бизнис амбиентот што треба да привлече странски инвеститори.

– Очекуваме дека инвестициите во следникот период пред се во туризмот, ќе бидат околу три милијарди евра, што ќе придонесе за отворање нови работни места, потенцира Ѓукановиќ во Парламентот.

Тој посочи дека во иднина ќе биде обезбедена редовна исплата на плати и пензии во Црна Гора и ќе продолжи кофинансирањето на станови за потребите не пензионерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП