25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботна средба на Димовски со тутунарите и откупните претпријатија

Работна средба на Димовски со тутунарите и откупните претпријатија

 

tutun1

Откупните компании се подготвени за годинашниот откуп на тутунот. Како што рекоа на денешниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), ќе ги преземат договорените количини и целосно ќе се придржуваат до законските прописи.

Ресорниот министер Љупчо Димовски ги повика производителите чии претставници присуствуваа на средбата максимално да се вклучат во подготовката на откупната сезона. Воедно побара, како што информира МЗШВ, за секоја утврдена неправилност при откупот, веднаш да го информираат Државниот инспекторат за земјоделство.

За време на откупот надлежните државни институции ќе бидат целосно координирани, засилени ќе бидат теренските контроли, како и комуникацијата со откупувачите и тутунарите, беше соопштено на средбата.

Стана збор и за ефектите од досегашното субвенционирање на производството, за очекуваниот род и квалитетот на тутунот.

Работниот состанок на министерот Димовски со претставниците на производителите и откупните претпријатија е во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП