29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Историски високо ниво на банкроти

Франција: Историски високо ниво на банкроти

frfrfr1

Бројот на претпријатија во Франција кои доживеаа финасиски колапс во 2013 година би можел да достигне историско ниво, предвидува осигурителната компанија „Кофас“.

Според најновите статистички податоци, во периодот од јануари-октомври 2013 година банкротирале вкупно 52,222 претпријатија, што е пораст од 4,2 проценти во однос на истиот период минатата година, со што овој број му се приближува на рекордот од 52,589 банкротирани компании кој беше забележан во 2009 година, пренесува францускиот весник „Капитал“.

„Кофас“ за 2013 година предвидува 62,500 банкротирани претпријатија, што е за две илјади повеќе од истиот период минатата година.

Најпогоден е градежниот сектор, дистрибуцијата и производството на текстил и облека, кои најмногу страдаат поради падот на потрошувачката, и кои заедно учествуваат во вкупниот број на затворени претпријатија со 50 проценти.

За 2014 година, која сеуште ќе биде тешка за француските компании, со очекуван економски раст од 0,6 проценти, „Кофас“ предвидува стабилизација на бројот на банкроти на високо ниво (62,000).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП