24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Чамец“ за спасување на Credit Suisse

„Чамец“ за спасување на Credit Suisse

credcred1

Втората по големина швајцарска банка „Credit Suisse“ во 2015 година ќе основа нова швајцарска филијала, која ќе го олесни евентуалното раздвојување на банката во случај на сериозна криза.

Новата гранка најпрво би го покривала управувањето со средствата, малопродажбата, деловните и институционалните клиенти, како и работењето со банките во Швајцарија, пренесува Ројтерс.

Потегот на банката доаѓа откако најголемата швајцарска банка „UBS“ во октомври донесе слична одлука, наведувајќи дека, до средината на 2015 година, ќе основа филијала како „чамец за спасување“ на активностите во малопродажбата и малите претпријатија.

Швајцарија донесе закон за банките за кои смета дека се преголеми за да ги продаде, кој ја олеснува поделбата на големите банки за време на криза, откако владата во текот на финансиските тешкотии од 2008 година мораше да ја спасува „UBS“ банката.

„Credit Suisse“ наведува дека Британија ќе остане нејзин центар на инвестициско банкарство. Швајцарските законодавачи сакаат додатно да ги заострат прописите за задолжителниот капитал на најголемите банки, во обид кредиторите да се присилат да ги зголемат резервите за заштита од кризи на новите глобални стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП