25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХармонизација на Законот за ДДВ со европското законодавство, не се менуваат стапките

Хармонизација на Законот за ДДВ со европското законодавство, не се менуваат стапките

ekonomija-ddv

Законот за Данокот на додадена вредност ќе се претпри измени поради усогласување со европското законодавство. Во подготвената нацрт врзија не се предвидува промена на стапките на ДДВ. Целта е олеснување на интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Ова го истакна координаторот на проектот Хесус Гајаре на денешната завршна конференција.

– Во нацрт верзијата што ја изготвивме стапките се исти. Тие се во рамки на границите предвидени со европското законодавство, каде е предвидено да има три стапки. Сметам дека во Шпанија даночните стапки се повисоки поради кризата, меѓутоа беа како и во Македонија. Стапките се на сосема добро место и се надевам дека ќе ги одржите, изјави Гајаре.

На проектот се работи неколку години, заедно со експерти од Министерството за финансии и Управата за јавни приходи. Новиот предлог закон содржи одредби кои ќе важат пред зачленувањето во ЕУ, а ќе има и одредби кои ќе важат по зачленувањето во ЕУ.

– Не се големи промените, но засегаат важни полиња. Сите вклучени актери да бидат подготвени за неговото спроведување. Треба да се води дебата, во Собранието, стопанските комори, а и даночните обврзници треба да бидат информирани што се очекува од  нив и сите органи да бидат подгтотвени, истакна координаторот на проектот.

Појасни дека разликите со европското законодавство се местото на прометот на добрата и услугите, односно да се осигура дека прометот ќе биде оданочен на едн место, потоа воспоставување информативен систем за промена на информации, како и промена во даночната пријава, кои како и другите услуги треба да бидат електронски.

Гајаре посочи дека политичките актери во земјата може да одлучат да го имплементираат законот чекор по чекор или одеднаш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП