18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечките банки забележаа пет пати поголема загуба

Словенечките банки забележаа пет пати поголема загуба

bankaslosloslo1

Загубата на словенечкиот банкарски сектор во првите девет месеци од оваа година изнесуваше 567,3 милиони евра, што е речиси за пет пати повеќе во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на централната банка во Словенија.

Најголема загуба забележаа трите банки во мнозинска сопственост на државата, а главна причина се отписите и резервациите на лоши кредити, за што банките во првите девет месеци мораа да издвојат 880 милиони евра, 20 проценти повеќе во однос на првите три квартали од минатата година.

Приходите од камати во овие девет месеци изнесувале 564,8 милиони евра, а минатата година во истиот период 704,7 милиони. Во пад се и другите приходи (без камати) кои од 511,6 милиони забележани во минатата година се намалени на 282,2 милиони евра.

Словенечките банки оперативните трошоци во првите три квартали ги намалија за пет проценти на 527,6 милиони евра, додека нивниот вкупен биланс за една година е намален за две милијарди евра, покажуваат најновите податоци на словенечката централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП