29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАРТ Мебел го отвори вториот салон во Скопје

АРТ Мебел го отвори вториот салон во Скопје

IMG

По една година постоење, реномираната компанија АРТ Мебел го отвори вториот салон во Скопје на улица  „Првомајска“.

Со ова љубителите на уникатен и квалитетен мебел и кујни добија уште едно место на кое може да најдат се за уредување на убав и топол дом.

Во пријатна и весела атмосфера свеченото отварање се одржа вчера (20. Ноември) на кое присуствуваа бројни гости.Како што и производите на компанијата се уникатни и настанот помина во тој знак.

АРТ Мебел е присутен во Скопје од минатата година кога отвори салон во населбата Бутел. Потрошувачите ги препознаа уникатноста и квалитетот на мебелот и кујните, па компанијата брзо прерасна во препознатлив бренд.

IMGooo

Освен што на потрошувачите им нуди буквално се за опремување на модерен, удобен и функционален дом, АРТ Мебел се погрижи да стане по достапен за сите, а изработува и мебел и кујни по нарачка.

„Потрошувачите се задоволни од нашата разновидна понуда и забележавме дека еден салон не е доволен за да ги задоволи потребите на сите заинтересирани.

IMGpppppp

Поради тоа решивме да се доближиме до сечиј дом, а тоа го постигнавме со отварањето на новиот салон на улица „Првомајска“во кој ќе понудиме квалитетен мебел и кујни за сечиј вкус.

Во нашите салони нудиме комплетни решенија за комфорен и модерен дом, што е сечиј сон“, изјавија од менаџментот на АРТ Мебел.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП