29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad купи 24 проценти од Jet Airways

Etihad купи 24 проценти од Jet Airways

etihad1

Индискиот авиопревозник „Jet Airways“ продаде 24 проценти од своите акции на авиокомпанијата „Etihad“ од Абу Даби.

Со тоа е завршен првиот договор со еден странски авиопревозник откако Индија пред една година ги олабави правилата за сопственост кога станува збор за странците, пренесува агенцијата Франс прес.

Индискиот „Jet Airways“ во април најави план за продажба на своите акции на „Etihad“ за сума од 335 милиони долари, откако индиската влада отвори сектор за авиација за странски инвестиции.

„Сите потребни одобренија од индиските регулаторни власти се добиени“, соопштија компаниите во заедничкото соопштение и наведоа дека трансакцијата е завршена.

„Индија е еден од најголемите и најбрзорастечките пазари во светот, таа претставува клучен дел за раст на „Etihad“, изјави извршниот директор на „Etihad“, Џејмс Хоган.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП