29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГејтс ќе го избира новиот CEO на Microsoft

Гејтс ќе го избира новиот CEO на Microsoft

Bill-Gat

„Microsoft Corp.“ спроведе интервјуа со многу кандидати за позицијата на „CEO“, барајќи наследник на Стив Балмер, кој уште во август ја објави својата намера да ја напушти функцијата до крајот на годината.

Ова го соопшти претседателот на Одборот на директори и основач на компанијата Бил Гејтс. Според зборовите на Гејтс, „Microsoft“ не си поставува крајни рокови за изнаоѓање на нов директор. А според информирани извори, сепак, листата на кандидатите веќе била сведен од 3 до 5 лица, објави „Bloomberg“.

„Ова е многу сложена улога, но се надевам дека ќе го пронајдеме вистинскиот човек кој со многу успех ќе го замени Балмер“, вели Гејтс.

„Microsoft“ се наоѓа во процес на реорганизација на своето работење и планира да ја промени својата структура, фокусирајќи се на мобилните уреди и обезбедување на интернет услуги, а со тоа да ја намалат зависноста од пазарот на персонални компјутери кој бележи пад.

Се очекува конечната конечната одлука за кандидатурата да биде донесена веќе следниот месец. Според неофицијални извори во потесниот круг влегуваат генералниот директор на „Ford Motor Co.“, Ален Мула и поранешниот шеф на „Nokia Corp.“ Стивен Илоп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП