23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорд на Airbus – порачани 160 авиони

Рекорд на Airbus – порачани 160 авиони

a380111

На големиот аеромитинг во Дубаи „Airbus“ забележа рекорден број на нарачани авиони во вредност од 44 милијарди долари.

Порачани се 160 авиони, а најбараните модели се А380 и А350 XWB, кои беа изложени на саемот.

Од сите нарачки, 142 се наречени „цврсти“, вредни 40,4 милијарди долари и 18 се меморандуми за разбирање во вредност од 3,6 милијарди долари.

Повеќето компании го нарачаа авионот А380 кој го нарекоа најефикасен и најкомфорен.

Најголемата нарачка беше добиена од компанијата „Etihad“, односно 87 нови авиони, 40 од типот на А350-900, 10 од типот А350-1000, 26 од типот на А321neo, 10 од типот А320neo и еден од типот А330-200F, во износ од 19 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП