25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да воспоставите правила во вашиот виртуелен бизнис?

Како да воспоставите правила во вашиот виртуелен бизнис?

virtuelenbiz1

Во компанијата „Facebook” во нивното главно седиште, на ѕид се напишани следниве реченици: „Движи се брзо и пробиј ги работите”, „Што би направиле доколку не се плашите?”. На овој начин во самата компанија се создаваат вредности на: храброст, прогресивност и иновација. Овие три работи се водилки на „Facebook“ културата и ги мотивираат вработените да работат поуспешно во неа.

Оние што водат виртуелен бизнис, корпорациската култура е многу тешко да се воспостави. Во тој случај технологијата го завзема местото на физичкиот простор: канцеларија и сл. Пример вие сте менаџер на една виртуелна компанија која работи со продажба преку социјални медиуми, се што треба да направите е:

-Запознајте ги новите вработени со виртуелната ориентација со оглед на тоа дека тие работат од голема далечина, можеби од друга земја. Поттикнете неврзана комуникација помеѓу вас и членовите на вашиот тим преку некоја интерна социјална мрежа каде можете пред почеток на работата да објавите по некоја шега и малку да помуабетите, оваа поврзаност ги мотивира вработените.

-Воспоставете видео конференција и повици, сето тоа е возможно и лесно преку „Skype“ и сл. други комуникациски алатки.

-Имајте на ум дека вашите вработени секој ден треба да евидентираат колку и што од работните задачите извршиле. Така ќе имате целосна контрола до каде сте со остварување на вашите цели и планови. На овој начин лесно ќе увидете доколку некој од вработените има проблем со работата и полесно ќе го мотивирате да продолжи да работи.

-Зајакнете ја вашата визија и мисија. Кога вработените се раздалечени се мисли на тоа дека не работат сите од еден ист физички простор, пожелно е еднаш годишно да се соберете на едно место и пред нив да одржите еден говор за тоа во која насока се движи вашето претпријатие и каде сакате да стигнете и кои се вредностите на вашата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП