20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМајкрософт доби „амин“ за купување на одделението на Нокиа

Мајкрософт доби „амин“ за купување на одделението на Нокиа

microsoft_and_nokia_0

Уште една голема зделка во светот на технологијата е кон својот крај. Акционерите на финскиот мобилен гигант „Нокиа“ ја одобрија продажбата на бизнисот со мобилни телефони на „Мајкрософт“. Договорот е во вредност од околу 5.5 милијарди евра.

Акционерите на „Нокиа“ речиси едногласно гласаа „за“ продажбата на бизнисот со мобилни телефони на компанијата кој прерасна во национална гордост за Финска.

Се очекува договорот да биде целосно финализирана во почетокот на следната година, откако доби дозвола од регулаторните органи. Одлуката за продажба е резултат на доцнењето на „Нокиа“ да се вклучи во исклучително профитабилниот бизнис со паметни телефони.

Во 2012-та година „Нокиа“, која пред тоа време беше светски лидер на пазарот на мобилни телефони, заостана за сметка на јужнокорејската компанија „Самсунг“ и претрпе загуби во вредност од над 3 милијарди долари.

Иако се уште е на второ место на пазарот за мобилни телефони пред американскиот гигант „Apple“, компанијата во моментов е на осмото место во брзо растечкиот пазар на паметни телефони.

Многу Финци се шокирани од продажбата на бизнисот со мобилни телефони, кој во минатото изнесуваше 4 проценти од БДП на земјата. „Нокиа“ успеа да ја трансформира Финска од мала економија во голема суперсила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП