25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНенаплатливите кредити на шпанските банки повторно пораснаа

Ненаплатливите кредити на шпанските банки повторно пораснаа

spanskacentralnabankabancode1

Уделот на проблематични кредити во вкупното кредитно портфолио на шпанските банки во септември се зголеми на ново рекордно ниво од 12,7 проценти, од 12,1 проценти кои беа забележани во август, покажуваат податоците на централната банка.

Уделот на проблематични кредити е во постојан пораст бидејќи домаќинствата и малите компании се борат со долгови а банките го намалуваат кредитирањето со цел да го подобрат квалитетот на капитал во пресрет на новите тестови за издржливост.

Шпанската економија излезе од двегодишната рецесија во третиот квартал, иако многу аналитичари и банкари го предвидуваа спротивното.

Лошите кредити во септември се зголемиле за вкупно 6,9 милијарди евра, на 187,8 милијарди евра, додека вкупните кредити се намалиле за 8,9 милијарди евра, на 1,500 милијарди евра, покажуваат податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП