25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина стана водечки светски купувач на злато

Кина стана водечки светски купувач на злато

chinagoldchinagold11

Најнаселената земја во светот оваа година досега купила 798 тони злато, со што се најде на првото место, а зад неа на второто е Индија со 715 тони.

Според резултатите на Светскиот совет за злато (WGC), Кина до крајот на 2013 година би можела да купи повеќе од 1.000 тони злато.

„Растечката средна класа како и вкупните приходи ја зголемуваат побарувачката за овој племенит метал. Потрошувачите се повеќе инвестираат во висококаратно злато и скап златен накит“, истакна Алберт Ченг, извршниот директор на „WGC“ за Далечниот Исток. Побарувачката на злато во Кина се зголеми за 18 процнети во последниот квартал, заклучно со септември.

Од друга страна, во Индија побарувачката е значително намалена, дури за 32 проценти во истиот период, а причина за тоа беше државното ограничување на увозот на злато, како и зголемувањето на данокот за луксуз.

Големиот пренос на побарувачката за злато од запад кон исток кој се случува во последните  неколку години не влијае на движењето на глобалниот пазар, заклучуваат од „WGC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП