20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските банки ја преживеаа кризата

Европските банки ја преживеаа кризата

bank121bank121

Огромен број на европски банки ја преживеаа финансиската криза, изјави шефот на Европската банкарска агенција, Андреа Енри.

„Уверен сум дека само мал број на европски банки се реформирани или угасени од пазарот“, изјави Енри во интервјуто за германскиот весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, пренесува агенцијата Франс прес.

„Во ЕУ едвај исчезнаа 40 банки, во споредбата со гасењето на 500 банки во САД. Владите на европските земји сакаа да ги зачуваат своите банки, и тоа го загрози процесот на закрепнување на европскиот финансиски систем“, заклучи Енри.

ЕБА во изминатите неколку години спроведе низа стрес тестови, кои многумина ги критикуваа како премногу благи.

Според зборовите на Енри, Европа во моментов е во процес на воспоставување на нова банкарска унија која ќе го зајакне европскиот финансиски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП