25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто добиваме од здравиот појадок?

Што добиваме од здравиот појадок?

pojadok111

Ако го прескокнете појадокот, ќе испуштите значителни придобивки за вашето здравје. Токму затоа е потребно да прочитате што е нутритивен и здрав појадок и кои категории производи можете да ги комбинирате.

Можеби појадокот се наоѓа на последното место од Вашата листа за работи кои што треба да се завршат наутро, а можеби и воопшто не се наоѓа на таа листа. Здравиот појадок го полни телото со енергија и го подобрува целокупното здравје. Не го пропуштајте појадокот – тој може да биде многу поважен отколку што мислите.

Дури и ако немате време, постојат брзи опции за појадок во домашни услови кои ако редовно ги следите ќе го вратат појадокот на вашето мени за денот.

Придобивки од здравиот појадок

Појадокот ви дава шанса да го започнете новиот ден со еден здрав и нутритивен оброк. Појадокот исто така претставува темел за доживотни придобивки по вашето здравје.

 Придобивки за возрасните

Кога консумирате здрав појадок, поголеми се шансите да:

– Внесете повеќе витамини и минерали

– Внесете помалку маснотии и холестерол

– Имате подобра концентрација и подобра продуктивност за време на претпладневните часови

– Ја контролирате телесната тежина

– Имате низок холестерол, со што го намалувате и ризикот за развој на срцеви заболувања

Основи на здрав појадок

Иако знаете дека здравиот појадок има многу придобивки за здравјето, можеби сепак не сте сигурни што се смета за здрав појадок.

Јадрото на здравиот појадок го сочинува следното:

– Цели зрна. Корнфлекс со топло или ладно млеко, мусли, крекери, тост.

– Протеини со ниски масти. Путер од кикиритки, пилешко месо или тврдо варени јајца.

– Нискомаслени млечни производи. Обезмастено млеко, јогурт со ниска масленост, кашкавал и сирење со ниска масленост.

– Овошје и зеленчук. Свежо или замрзнато овошје и зеленчук, 100% цеден сок без шеќер.

Во комбинација, овие групи на храна овозможуваат внесување на комплексни јаглехидрати, целулозни влакна, протеини и мали количини на масти. Оваа комбинација е многу добра за вашето здравје и ви дава чувство на ситост со часови. Од овие групи можете да комбинирате појадок којшто најмногу ви се допаѓа и пробајте да изберете барем по една опција од секоја категорија за да направите еден здрав оброк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП