25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде се најдобрите шефови во светот?

Каде се најдобрите шефови во светот?

boss1

Речиси 80 проценти од Швајцарците се задоволни со професионалниот однос на своите претпоставени, што претставува европски рекорд.

Со далеку помал процент, на второто и третото место се Франција и Холандија.

Истражувањето го спроведоа истражувачките куќи „JobCloud“ и „The Network“ меѓу вкупно 5,600 вработени во Швајцарија, Германија, Австрија, Франција, Белгија, Шведска и Холандија.

Последните две места на листата од опфатените земји ги заземаа Германија и Австија.

И на европско ниво, односно на ниво на сите земји кои беа во фокусот на истражување, повеќето вработени се задоволни од своите претпоставени, така што 70 проценти од вработените изјавиле дека имаат коректни односи со шефот, додека 30 проценти сакаат промена на нивниот шеф.

Во Швајцарија 80 проценти од анкетираните се задоволни од својот шеф, додека седум проценти би сакале промена на својот шеф, што е најнискиот процент на оваа листа.

Во Германија и Австрија, сценариото е спротивно, така што 24 и 20 проценти од испитаниците изјавиле дека страдаат од лошиот однос на нивниот шеф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП