29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Турција, помала од таа во Европа

Невработеноста во Турција, помала од таа во Европа

turcija12545122

Турскиот министер за економија Зафер Чаглајан изјави дека нивото на невработеност во Турција е многу пониско, отколку во Европа и во дел од земјите од еврозоната.

Чаглајан истакна вчера дека сето ова е „показател за динамиката на турската економија“.

Тој нагласи дека нивото на невработеност во Турција во август изнесувало 9,8 отсто, а бројот на вработените граѓани се зголемил за 593 илјади лица.

– Имаме цел невработеноста во земјата да ја намалиме до пет проценти, изјави министерот за економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП