28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија и ЕУ ќе го финансираат вклучувањето на Молдавија во романската мрежа...

Романија и ЕУ ќе го финансираат вклучувањето на Молдавија во романската мрежа за пренос на гас

gasssss1

Романија и Европската унија ќе го финансираат вклучувањето на Молдавија кон романската мрежа за пренос на гас, изјави синоќа романскиот заменик-премиер Ливиу Драгнја.

– Со молдавискиот заменик-премиер и министер за економија Валериу Мазар потпишавме договор за отпуштање на сума од 5,2 милиони евра, кои заедно со европското финансирање ќе ги покрие трошоците за изградба на молдавискиот крак од гасоводот Унгени-Јаш, рече Драгнја.

Тој прецизираше дека вкупната вредност на 43-километарскиот гасовод ќе изнесува 26,5 милиони евра, а тој ќе се гради од три романски компании.

Според молдависките експерти гасоводот нема да го реши проблемот со доставување на гас до Молдавија од други извори, освен од „Газпром“.

Годишните потреби на Молдавија од природен гас изнесуваат 1,3 милијарди кубни метри, кои се увезуваат од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП