20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОва никогаш не смеете да го кажете на работното место

Ова никогаш не смеете да го кажете на работното место

s

Постојат неколку работи кои не смеете да ги изговорите и да ги правите на вашето работно место. Ви ја прикажуваме листата на забранети работи:

“Не работам за пари”

Дури и тоа да е вистина, независно колку пари имате на банкарската сметка, звучи несоодветно. Најпаметно, со колегите да не разговарате за пари – никогаш.

“Ако не го направиш тоа, ќе те кажам на шефот”

За голем број на луѓе, заканите се знак на слабост. Оној кој има добра позиција на работа, така треба и да работи. Тој кој што нема, не би требало да се заканува, бидејќи нема да постигне многу.

“Во одлични односи сум со шефот”

Тоа никогаш не треба да се изговори на глас. Никој не го сака “најдрагиот ученик во класот”

Јавно карање со колегите

Кога човек е свесен дека е во право, не би требало тоа да го докажува на другите колеги, јавно. Тоа е понижувачки, навредливо и незрело.

Никогаш не споделувај нешто приватно, што не би можело да се сподели јавно

Секако, менаџерите и раководителите мораат понекогаш да разговараат јавно за некои приватни работи со своите вработени. Тоа што се случува зад затворени врати, така треба и да остане.

Никогаш не озборувајте

Во канцеларијата во која работите, никогаш не може да знаете кои ви се сојузници, ниту пак кои ви се непријатели.

Никогаш не се зафаќајте со работа за која немате овластување

Понудата е тешко да ја повлечете, а невозможно да ја реализирате. Така не се станува човек со авторитет. Тоа го прават слаби личности, кои сакаат барем во еден момент да бидат моќни.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП