16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индустриското производство во САД

Пад на индустриското производство во САД

sad1

Во САД во октомври дојде до неочекуван пад на индустриското произвоство од 0,1 проценти на месечно ниво, соопшти Управата на американските федерални резерви (ФЕД).

Падот на производството е резултат на намаленото производство во рударската индустрија, пренесува АПФ.

Исто така и производителите на автомобили го намалија производството во октомври, а беше намалено и производството во фабриките за компјутери, мебел и апарати за домаќинство.

Производството во рударскиот сектор, кое го вклучува и производството на нафта, е зголемено за 0,2 проценти, и тоа седми месец по ред.

Аналитичарите очекуваат дека во октомври ќе биде забележан раст од 0,1 проценти, по забележаното зголемување од 0,7 проценти кое се случи во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП