28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците сметаат дека во Европа нема корупција

Американците сметаат дека во Европа нема корупција

korupcija-amerika

Американската дипломатија во средата предупреди дека на некои демократии на Централна и Источна Европа се загрозени од корупцијата, повикувајќи ги сите земји и региони кои не се во ЕУ, да ги прифатат европските вредности и да се приклучат кон Унијата.

„Во време кога ние се обидуваме да ги надминеме старите непријателства и да ја завршиме демократската карта на Европа, треба да ги неутрализираме другите отрови кои прекумерно им претат на младите европски демократии: а станува збор за корупцијата”, рече заменик-државниот секретар за европски прашања, Викторија Нуланд .

„Довербата на луѓето во владатата која ја избрале се уништува во делови на Централна и Источна Европа, бидејќи гласачите сметаат дека лидерите на земјите во кои тие живеат, пред се мислат на сопствените интереси, ставајќи ги пред интересите на сопствениот народ”, рече еден дипломат во говорот пред работната група на Атлантскиот совет во Вашингтон.

„Корупцијата на убиствен начин ги уништува демократскиот соништа”, рече Нуланд , додавајќи дека  „квалитетот на демократијата и владеењето на правото во Европа и Евроазија е длабоко поделено и нееднакво.”

Потсети и на историски момент, кој е пред Украина, Молдавија и Грузија, земјите кои за време на самитот на Источното партнерство на ЕУ треба да потпишат договор за партнерство во Вилнус на 28 и 29 Ноември.

„САД  го поздравува изборот на Европа на овие три земји”, рече највисоката американска службеничка задолжена за Европа. Но Киев во средата „се оддалечи” од гореспоменатиот договор со ЕУ, со потегот што на вонредната седница на парламентот не донесе никаква одлука за тоа дека поранешната премиерка Јулија Тимошенко, политичарка од опозицијата која е во затвор, и е дозволено да оди на лекување во странство.

Европа, рече Нуланд, се надева дека на следната седница на 19 ноември, сепак украинскиот парламент ќе донесе таква одлука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП