20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГаук бара градинар за плата од 2.800 евра

Гаук бара градинар за плата од 2.800 евра

Germany Weather

Германскиот претседател Јоахим Гаук итно бара „градинар“ за претседателската резиденција за месечна бруто плата од 2.800 евра, објави Билд.

Медиумот наведува дека искусниот работник се бара за одржување на паркот на дворецот Белви со површина од 76.750 метри квадратни.

Кандидатите мора да бидат доверливи и способни за „големо ангажирање и оптеретување“.

Притоа мора да имаат повеќе од три години искуство и знаење за одржување дрвја и зеленило. Новиот градинар нема да мора да се грижи сам за 76.750 метри квадратни парк, бидејќи за уредувањето на паркот се грижат вкупно седум лица и еден помошник-работник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП