29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индустријата во еврозоната

Пад на индустријата во еврозоната

evrozona1

Индустриското производство во еврозоната, клучната мерка за преработувачките активности, во септември се намали за 0,5 проценти во однос на растот од август кој изнесуваше еден процент.

Како што покажуваат податоците на европската служба за статистика Еуростат, Германија во септември забележала пад на индустриското производство од 0,8 проценти, по растот во август од 1,8 проценти, додека производството во Франција е намалено за 0,4 проценти по растот од 0,7 проценти кој беше забележан во август, пренесува агенцијата Франс прес.

Од земјите кои не се членки на еврозоната, Велика Британија регистрираше раст на индустриското производство од 0,9 проценти.

Во пошироката 28-члена Европска унија, индустриското производство во септември е намалено за 0,2 проценти по растот во август кој изнесуваше 0,6 проценти.

Во споредба со септември минатата година индустриското производство во еврозоната е зголемено за 1,1 проценти, а во ЕУ за 1,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП