28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВреме е да ја промените лозинката на Facebook!

Време е да ја промените лозинката на Facebook!

Facebook

Откако го нападнаа „Adobe“, хакерите дојдоа до голем број на кориснички имиња и лозинки (дури на 2.9 милиони корисници) со чија помош би можеле да дојдат до профилите на корисниците и на „Facebook“.

Имено, многу експерти предупредуваат дека истата лозинка не би требало да се користи на повеќе различни сервиси, затоа што ако хакерите дојдат до една лозинка, тоа им ја отвара можноста до пристап на други профили.

„Digital Trends“ пишува дека голем број на корисници на „Facebook“ ги користат истите податоци за „Adobe“ и „Facebook“, а најголемата друштвена мрежа во светот се обидува да ги заштити своите корисници и по големите напади и ги предупредува за промена на лозинката.

Тие ја проверуваат базата на податоци и се обидуваат да дознаат дали хакерите пронашле и податоци со кои би имале пристап до корисничките профили.

„Facebook“ се уште не објави податок колкав број на негови корисници е загрозен, но некои експерти велат дека би можело да станува збор за дури 150 милиони профили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП