20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Германија мора да продолжи со реформите“

„Германија мора да продолжи со реформите“

germanija1

Германија не смее да ги ублажи или да се откаже од структурните и економските реформи, соопшти групата на независни економски советници на германската влада.

Во годишниот извештај претставен на канцеларката Ангела Меркел, групата германски експерти, позната како „Петте мудреци“ предупреди дека најголемата европска економија не смее да живее на „стара слава“ и поради да престане да оди напред, пренесува агенцијата Франс прес.

Нивниот извештај следеше како одговор на неодамнешните критики од странство дека трговскиот суфицит на Германија е премногу голем, и дека најголемата европска економија мора да направи повеќе со цел да ја стимулира домашната потрошувачка и да го зголеми увозот, особено од другите земји од Европа.

За време на должничката криза во еврозоната, Германија помина далеку подобро од своите партнери од еврогрупата, благодарение на длабоките и болните структурни мерки, познати како „Агендата од 2010 година“, која беше иницирана од страна на претходната администрација на Социјалдемократите (СДП).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП