20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдравиот живот може да го пренасочи текот на стареењето

Здравиот живот може да го пренасочи текот на стареењето

old couple

Здравиот начин на живот може не само да го забави процесот на стареење, туку и да го пренасочи тој процес.

Истражување покажало дека добрата физичка кондиција, правилната исхрана со многу овошје и зеленчук, вежбање јога и слични техники за намалување на стресот, можат да го продолжат животниот век на клетките.

Јогата, пешачењето и здравата исхрана докажано го пренасочуваат процесот на стареење.

Здравиот живот, како што утврдиле научниците, влијае на квалитетот на теломерите, ситни врвови на краевите на хромозомите кои штитат од процесот на стареење.

Теломерите се скратуваат додека старееме, а со нивното скратување се зголемува ризикот од срцеви
болести, деменција, дијабетес, рак и разни инфекции.

Со здравиот начин на живот можеме да влијаеме на продолжување на теломерите.

До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско кои проучувале две групи мажи заболени од рак на простата.

Една група ја оставиле да живее со дотогашниот начин на живот, а другата група поминала целосна преобразба на начинот на живот под наѕор на лекар, нутриционист и психолог.

По пет години здрава исхрана, вежбање јога, лесни прошетки и советување, нивните теломери се продолжиле за десет отсто, пренасочувајќи го природниот процес на стареење.

Во другата група, која продолжила да живее по старо, теломерите се скратиле за околу три отсто.

Што се однесува до ракот на простата, состојбата во двете групи била подеднаква.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП