19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПиво - дневница за работа на алкохоличарите во Амстердам

Пиво – дневница за работа на алкохоличарите во Амстердам

pivo1

Амстердамската асоцијација се сети како со еден удар да утепа две муви, па на хроничните алкохоличари им понуди да ги чистат улиците, а наместо плата, ќе ги плаќа во натура – со пиво.

Десет евра, половина кутија цигари и пет лименки пиво, толку изнесува платата за „хроничните алкохоличари кои претходно правеа нереди во паркот „Остерпарк“, се тепаа, викаа и дофрлуваа несоодветни коментари кон жените“.

Целта на проектот е да се ангажираат со нешто, со цел да немаат време да прават проблеми, објаснуваат од Асоцијацијата.

Работниот ден започнува во 9 наутро, а по пристигнувањето секој чистач добива две лименки пиво, како и кафе по негова желба.

Останатите две лименки ги добиваат напладне со топлиот оброк, а по завршеното работно време во 15:30 имаат награда уште едно пиво кое можат да го однесат дома.

Од оваа идеја се задоволни и околните жители бидејќи, како што велат „пијаниците конечно работат нешто корисно наместо да прават проблеми во паркот“.

Но, мислењата на работниците се поделени. Поранешниот пекар Винсент вели дека е задоволен бидејќи мисли дека со работата придонесува за општеството, иако е алкохоличар.

Циничниот Френк заклучува дека проектот, сепак, му овозможува „да пие урамнотежено, но не и помалку“, бидејќи како што вели, „веднаш штом завршам со работата, одам директно во продавница и десетте евра ги заменувам со 10 пива“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП