24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКим: Глобалната економија е позитивна

Ким: Глобалната економија е позитивна

kimsb1

Претседателот на Светската банка (СБ) Џим Јонг Ким изјави дека движењето на светската економија е позитивно, иако сеуште има многу работа за да се обезбеди стабилно закрепнување.

Ким изјави дека од голема важност е САД да ги реши буџетско-должничките проблеми на почетокот на 2014 година, бидејќи секоја неизвесност на тоа поле влијае на глобалната економија, особено во земјите во развој, пренесува агенцијата АП.

Претседателот на СБ наведува дека некои од европските економии напредуваат во однос на периодот од пред девет месеци, кога постоеше сомневање дека Грција ќе остане во еврозоната, па дури и во опстанокот на еврото.

Ким додава дека на почетокот на годината, исто така, постоеше загриженост околу економското забавување на земјите во развој, но дека сега е ублажено, бидејќи некои земји, на чело со Кина, веќе бележат подобри резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП