20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Либиската економија во опаѓање

ММФ: Либиската економија во опаѓање

libijanafta1

Економијата на Либија оваа година ќе забави за 5,1 проценти поради прекинот во производството на нафта предизвикан од блокадата на демонстрантите, предупредува ММФ.

„Наместо суфицит во буџетот, либиската влада ќе забележи буџетски дефицит, поради падот на приходите од нафтата“, изјави директорот на Канцеларијата на ММФ Масуд Ахмед на конференцијата во Дубаи, пренесува агенцијата Франс прес.

Според извештајот на ММФ, либиската економија оваа година ќе забави за 5,1 проценти.

Демонстрантите во Либија бараат подобра распределба на приходите од продажбата на нафта и работни места, поради што ги блокираат нафтените полиња и извозните терминали, предизвикувајќи загуба од 13 милијарди долари за Либија, соопштија властите на оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП