18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАZTE со нов таблет-телефон

ZTE со нов таблет-телефон

zte grand

„Huawei“ го претстави „Ascend Mate“ со екран од 6.1 инчи, а се чини и дека „ZTE“ се подготвува да влезе на полето на таблет телефони.

Наречен „Grand Memo“, уредот би требало да има 5.7 инчи екран со резолуција од 720p, а се појави потполно неочекувано на настанот кој беше организиран од страна на „ZTE“  во Хонг Конг.

„Grand Memo“ поседува 1.7 GHz quad-core Snapdragon S4 Pro процесор, 13 мегапиксели камера, куќиште со дебелина од 8mm и „Android 4.1.2“.

Новиот уред би требало официјално да биде претставен на „MWC“ следниот месец.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП