29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да се подготвите за промени во исхраната

Како да се подготвите за промени во исхраната

diet1

Без разлика дали сакате да ослабите или сакате да започнете да се храните здраво, вие треба да се придржувате кон одреден режим на исхрана. За да успеете, потребно е да бидете подготвени затоа што промената на начинот на живот на никого не му е лесна.

Ако сакате да започнете поинаку да се храните или да започнете со некоја диета и таа да ви донесе резултати, следете ги следниве совети кои ќе ви помогнат подобро да се подготвите:

Одлучете дали ова е правилниот момент. За секоја промена во начинот на живот потребно е да вложите повеќе психичка и физичка енергија. Ако имате проблеми на работното место, во семејството или сте изложени на стрес, нема да ви биде лесно да издвоите енергија за да правите промени. Пред да започнете диета, осигурете се дека имате доволно енергија и време за да и се посветите.

Учете се од грешките од минатото. Повеќето од луѓето се имаат обидено да се придржуваат кон некоја диета повеќе од еднаш. Ако и вие сте од нив и не успеавте успешно да ја завршите диетата, сега учете се од грешките. Размислете што била причината за да не успеете да си ја постигнете целта. Сега имате шанса да си ги поправите грешките.

Комуницирајте со луѓе кои ве поддржуваат. Многу истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат поддршка или од најблиските или од колегите на работа, успешно се придржуваат кон диетите. Затоа, изберете си група на луѓе кои ќе ве поддржуваат и бодрат за успешно да си ја постигнете својата цел.

Поставете си реална цел. Веројатно сте го слушнале овој совет многу пати, но тука е местото да ви го споменеме пак. Ако си поставите недостижна цел, ќе бидете разочарани што тешко ќе и се приближувате и најверојатно ќе се откажете. Најдобро и најефективно е да се стремите да слабеете околу 1кг неделно.

Направете си план за физичка активност. Најголеми ви се шансите да постигнете успех ако ја комбинирате диетата со физичка активност. Направете си план во кој ќе посочите како и колку ќе ја зголемувате својата активност. Изберете си спорт во кој уживате. Постепено зголемувајте го времето во кое ќе бидете активни.

Правете мали чекори. Не ги правете сите промени одеднаш. Во почетокот зголемете ја консумацијата на овошје и зеленчук. Потоа по неколку дена започнете да ја намалувате „штетната“, нездрава пржена храна. Наредната недела започнете да ги ограничувате порциите и т.н. Така полесно ќе се прилагодите на промената.

Очекувајте дека ќе имате препреки. Нормално е да направите една грешка, но најважно е да не оставите да ве подведе. Ако сте направиле мала пауза и сте ги прекршиле сите правила на диетата за да го прославите роденденот на вашата пријателка, не очајувајте. Соберете сила и тоа нека ви биде мотив.

Мислете позитивно. Лесно е да се чувствувате потиштено кога започнувате диета. Сепак, вие со диетата се откажувате од многу нешта во кои сте уживале. Важно е да мислите позитивно за да успеете. Барајте ја позитивната страна на диетата. Пример, пробајте нови рецепти кои никогаш не сте ги пробале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП