25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕгипет загуби 95 проценти од приходите од туризмот

Египет загуби 95 проценти од приходите од туризмот

egipet1

Експертите за туризам за падот на бројот на туристи ги посочуваат настаните на 14. август, кога поддржувачите на Мохамед Морси одржаа протести.

Египет загуби 95 проценти од приходите од туризмот во изминатите четири месеци, главно поради предупредувањата за патување во Египет издадени до страна на одредени земји, изјави министерот за туризам на оваа северноафриканска земја, Хашим Зазоу, пренесува агенцијата Франс прес.

Зазоу, кој учествуваше на економската конференција, изјави дека очекува приходите од туризмот во оваа година да изнесуваат 8,8 милијарди американски долари, споредувајќи со минатогодишниот износ од 10,5 милијарди долари.

„Во текот на изминатите четири месеци, изгубивме три милиони туристи, а треба да се спомене дека и просечната дневна потрошувачка на еден турист која изнесуваше 72,3 долари се намали на 67 долари во првата половина од годината“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП