23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвошки за убави заби

Овошки за убави заби

zabijagoda1

Ако сакате да имате здрави и бели заби, тогаш секојдневно треба да ги употребувате повеќето од следните овошки.

Јагода

Јагодата е овошје кое го одржува здравјето на забите, бидејќи содржи овошна киселина која не дозволува остатоците од храна да ја напаѓаат забната глеѓ, а со тоа ја одржуваат чистотата на забите, како и нивното здравје.

Јаболко

Јаболкото е природна четка за заби, со самото загризување ги чистите забите со тоа што дел од него поминува низ просторот помеѓу забите, а со овошната киселина допринесува да се уништат бактериите и да се обнови сјајот.

Банани

Кората од банана е стара техника за белење на забите. Пробајте да ги масирате забите барем две минути со внатрешниот дел од кората на бананата. Потоа измијте ги со паста и четка за заби. Резултатите ќе ги забележите набрзо.

Портокал

Портокалот има овошна киселина и ензими кои ги уништуваат бактериите. Тие освен што имаат одличен ефект за здрави заби и блескава насмевка, ќе допринесат да имате и попријатен здив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП