25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудентите од „Свети Апостол Павле“ во натпревар за најдобра Android апликација

Студентите од „Свети Апостол Павле“ во натпревар за најдобра Android апликација

svapostol3

„Благодарение на соработката со Техномаркет, пред нашите студенти се наоѓа огромна можност која е од клучна важност за нивната иднина. Преку оваа шанса, тие ќе можат квалитетите и вештините кои ги поседуваат, практично да ги презентираат на технолошкиот пазар, а со тоа да го отворат својот пат кон можни идни деловни соработки и бизнис успеси“, изјави Наум Тунтев, координатор на овој проект.

Техномаркет ги повика студентите од охридскиот Универзитет за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“ да ја направат најдобрата апликација за паметни телефони и таблети. На денешната презентација на студентите им беа претставени техничките спецификации за креирање на најсовремена Android апликација.

svapostol2

„Образованието котира високо на нашата приоритетна листа на области каде сакаме да оставиме траен белег. Токму тоа е причината за организирање на овој иновативен натпревар. Со наша поддршка, а со потенцијалот, капацитетот и широкиот опсег на познавања кој го поседуваат студентите, сигурни сме дека ќе создадеме врвно, но истовремено и практично решение за современа и најмодерна Android апликација за нашиот ланец на продавници“, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.

Пријавените студенти имаат рок до почетокот на месец декември 2013 година да го креираат своето најдобро идејно решение за Android апликација. Од понудените решенија, тимот на Техномаркет ќе ги избере најфункционалните, најкреативните и најиновативните кои понатаму ќе се натпреваруваат за главната награда. Кон средината на месец јануари, 2014 година, од селектираните апликации врз основа на бодување, ќе се избере најдобрата, а за членовите на победничкиот тим, компанијата ќе издвои вредни награди.

svapostol1

„Благодарение на соработката со Техномаркет, пред нашите студенти се наоѓа огромна можност која е од клучна важност за нивната иднина. Преку оваа шанса, тие ќе можат квалитетите и вештините кои ги поседуваат, практично да ги презентираат на технолошкиот пазар, а со тоа да го отворат својот пат кон можни идни деловни соработки и бизнис успеси. Ние како Универзитет, цврсто веруваме во потенцијалот на секој наш студент и не се сомневаме дека победничката апликација ќе наиде на голем интерес кај целата јавност“, изјави Наум Тунтев, координатор на овој проект.

Како една од низата на општествено одговорни активности кои ги спроведува Техномаркет, оваа кампања се истакнува по својата цел и намена. Со ваквата иницијатива, компанијата освен што вложува во образованието, во исто време сака да им овозможи на своите клиенти ширум Македонија и светот, поедноставен пристап до производите кои ги нуди, презентирање на нивните карактеристики како и унапредување на можноста за онлајн купување. Симнувањето на апликацијата која ќе биде поставена на Play Store, ќе биде бесплатно.

svapostol4

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП