29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКоја е тајната на успехот?

Која е тајната на успехот?

„Зошто сега?“ – е прашање кое секој претприемач треба да си го постави, бидејќи ова прашање го дава одговорот на други две многу важни прашања:

Зошто моите обиди беа неуспешни?

Со какви препреки ќе се соочам?

Светот е полн со паметни луѓе. Сите се соочуваат со решавање на проблеми. Некогаш се прашувате како ги решаваат. Можеби нивниот производ е поуспешен од вашиот. Кога ќе ги погледнете сите околности се прашувате како им успева сето тоа. Можеби тајната е во упорноста. Но, постои и нешто друго, A тоа е успешна маркетинг стратегија, производна стратегија. За да не се доведете во пропаст менувајте се со времето.

Најчести одговори на прашањето „Зошто сега?“ се:

– Се применува нова технологија

– Се променило однесувањето на корисниците

– Се појавиле нови канали на дистрибуција

– Се промениле законите

Ако не можете јасно да дефинирате зошто би започнале бизнис сега, а не за пет години, тогаш воопшто не го започнувајте. Затоа што тоа укажува дека не знаете што сака пазарот. Можеби веќе некој ја има реализирано вашата идеја.

Да го знаете совршениот тајминг значи да бидете во право време, на право место. А тоа е навистина тешка задача.

Успешни примери од минатото

Некои компании не настанале од револуционерни идеи, но сепак оствариле светски успех.

LinkedIn

Ред Хофман се занимавал со друштвени мрежи од 1990 година. Ја основал SocialNet.com во 1997 година. Тој се обидел, но не успеал. Било прерано. Затоа во 2002 се обидел со LinkedIn и создал мрежа која ги поврзува сите професионалци на едно место.

You Tube

Оваа страница многу долго и требало да заживее во пракса. Почнала добро да функционира кога во 2005 година се појавиле лаптопи со вградена камера за која не е потребна никаква инсталација.

Zynga

Разни игри се дел од интернетот уште од неговиот почеток. Но, ниедна од нив не привлекла толкаво внимание како Zynga. Која е тајната? Zynga знаела дека вистинската вредност на игрите лежи во тоа дека ја играат сите ваши пријатели, a Facebook е одличен реализатор на сето тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП