25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПијалоци кои позитивно влијаат на нашето здравје

Пијалоци кои позитивно влијаат на нашето здравје

driinnkkss

Безалкохолните пијалоци и вештачките овошни сокови се меѓу најпопуларните и омилените пијалаци, но сите знаеме дека тие имаат штетно влијание врз здравјето поради содржината на вештачки конзерванси, шеќери и многу калории.

Секоја година во светската трговска мрежа се појавуваат по околу 1000 нови пијалоци, од кои повеќето се прикажани како здравствени. Tие немаат хранлива вредност и само не полнат со масти и калории, нагласуваат експертите.Има неколку видови на пијалоци кои се користат во секојдневната исхрана и помагаат во одржувањето на совршено здравје.

Еве кои се тие:

1. Вода

Водата е основен избор на течност. Таа ни е потребна за правилно функционирање на бубрезите, мозокот и срцето. Таа ни помага да ја задржиме функцијата на зглобовите и мускулите. Внесувањето на доволно вода ни помага и за намалување на тежината, бидејќи го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот. Експертите препорачуваат да пиеме по 8 чаши вода на ден.

2. Кафе

Кафето е здрав пијалок, ако се консумира умерено – до 2 шољи на ден. Истражувања покажуваат дека кофеинот има заштитен ефект против Паркинсоновата болест, Алцхајмеровата болест, некои форми на кардиоваскуларни болести и рак на дебелото црево.

Последните истражувања покажуваат дека пиењето на умерени дози кафе после тренинг може да ја намали болката во мускулите до 48 проценти.

3. Млеко

Калциумот во млекото не само што придонесува за зајакнување на коските, туку и за разградување на мастите, складирани во масните клетки во организмот.

При почитување на режимот на исхрана, се препорачува да се избегнува содржината на масти во млекото и да се консумира ниско калорично млеко.

4. Зелен чај

Зелениот чај е богат со минерали и антиоксиданси, кои помагаат во стимулирањето на метаболизмот, здравјето на срцето и контролата на состојбите како егзема и дијабетес.

5. Овошен сок

Нема дилема дека овошјето и зеленчукот се корисни за здравјето. Подготвување на сок од овие природни производи е добра можност да ги искористиме витамините и минералите кои се содржат во нив. Тоа, сепак, не се однесува на вештачките овошни сокови. Составот на повеќето од пијалоците, без оглед на цената за која се продаваат во трговската мрежа, вклучува зголемено ниво на шеќери и конзерванси.

7. Лимонада

Лимонот е еден од најдобрите извори на витамин Ц. Затоа лимонадата, приготовена од свежо исцедени цитрусови плодови, помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем.

8. Црвено вино

Црвеното вино е здрав пијалок, кој сепак бара умерена консумација. Бидејќи содржи драгоцените антиоксиданси, експертите препорачуваат да се пие по една чаша вино на ден.

Голем број истражувања покажуваат дека црвеното вино е корисно особено за срцето. Го помага зголемувањето на добриот – HDL холестерол и го спречува згрутчувањето на крвта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП