28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГледајте ТВ и вежбајте

Гледајте ТВ и вежбајте

soobenvellosiped

Наместо да седите на кревет пред телевизор, поставете го вашиот собен велосипед пред телевизорот и тогаш ќе имате двојно задоволство – омилената тв програма и рекреација…

Со мала подготовка до голем резултат

Возењето на собен велосипеди не бара многу подготовки – само простор во нашиот дом, тоа е ефикасен начин на исфрлање на негативните емоции со што ова е една од ретките аеробни активности кои може да се практикуваат во рамките на четири ѕида.

Вежба за сите возрасти

Користењето на оваа справа е безбедно и за стари лица. Овој вид на активност е добар за луѓе кои страдаат од болести на локомоторниот систем, како и болести на срцето и крвните садови. Но сепак, ви препорачуваме да се консултирате со вашиот лекар пред да почнете со вежбате доколку страдате од некоја од горенаведените болести.

И мала напомена на крајот – веднаш по завршувањето на вежбата потребно е да ги надополните изгубените течности, испијте најмалку половина литар вода.

Секојдневно при гледањето на вашата омилена тв програма сетете се дека можете истовремено да работите и на вашето здравје, користењето на собниот велосипед значително ќе подобри вашето здравје и ќе го оформи вашето тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП